25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Старата дама“ одби 45 милиони евра за Видал

„Старата дама“ одби 45 милиони евра за Видал

Arturo Vidal celebrates scoring Juventus's winner

Според агентот на Јуп Хејнкес, Енрике Рејес, екипата на Јувентус ја одбила понудата на Баерн Минхен вредна 45 милиони евра која „баварците“ ја испратиле за Артуро Видал.

Тој открил неколку интересни работи од Минхен, затоа што покрај споменатата понуда за Видал истакнал дека и Роберт Левандовски со сигурност ќе премине во Баерн заедно со Марио Гетце.

„Јувентус ја одби понудата за Видал. Изгледа не сакаат да го пуштат Чилеанецот. Раководството на тимот од Торино одби и секаков разговор на таа тема“, објасни Рејес.

Баерн на крајот од сезоната ќе добие и нов тренер, Гвардиола ќе го замени Хејнкес, па поради тоа се повеќе се збори за бројните трансфери кои „баварците“ ќе ги направат.

Според многумина само доаѓањето на Гетце и Левандовски ќе биде доволно Баерн и следната година да доминира во Германија, но и во Европа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП