23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите ќе ги следат овие пазари во развој во 2017-та

Инвеститорите ќе ги следат овие пазари во развој во 2017-та

invest399444

Во новата година Русија, Јужна Африка и Мексико ќе бидат внимателно следени од инвеститорите, дознаваме од материјал на „Bloomberg“.

Овие земји ќе нудат едни од најатрактивните можности за инвестиции меѓу економиите во развој, сметаат експертите, кои оваа година ќе се обложуваат на пазари каде политичката клима се подобрува и чии активи се непопустливи на надворешните шокови.

„Bloomberg“ не запознава со седумте растечки економии, за кои инвеститорите сметаат дека одговараат во потполност на овие услови.

Русија

За инвеститори кои ја применуваат стратегијата „carry trade“ (при која инвеститорите купуваат валути на земји со повисока основна стапка, продавајќи ги оние со пониска), руската рубља е еден од најдобрите облози. Според „UBS Group“ остварувањето на „carry trade“ со рубљата потенцијално може да генерира поврат од 26% во следните 12 месеци.

Освен што одржува релативно високи камати, Русија има корист од растечките цени на нафтата. Овој факт придонесува за тоа пазарот на акции во земјата да биде „очигледен кандидат“ за инвестиции, според „NN Investment Partners“.

Јужна Африка

Некои инвеститори веруваат дека власта на претседателот на ЈАР, Џејкоб Зума ќе слабее, зголемувајќи ја атрактивноста на јужноафриканските хартии од вредност, особено со оглед на фактот дека земјата најверојатно ќе го избегне намалувањето на кредитниот рејтинг.

Мексико

Мексиканскиот пезос е најатрактивната меѓу валутите во земјите од Латинска Америка. Покрај тоа што е поевтино, пезосот ќе има корист од агресивната политика на централната банка на Мексико, како и од претседателското управување во САД, што не е толку протекционистички како што се очекуваше, коментира главниот ризичен директор на „Ebury Partners“, Енрике Дијаз-Алварез.

Бразил

Обврзниците на нафтениот гигант на Бразил „Petrobras“ се „се уште евтини“, конвертибилните обврзници на „Banco do Brasil“ имаат потенцијал за раст и „Samarco“ е агресивен залог, бидејќи рударската компанија најверојатно ќе продолжи со активностите и оваа година со обврзниците. Ова е мислењето на Карлос Грибел – шеф на одделот за фиксен приход кон „Andbanc Brokerage“.

Чиле

„Morgan Stanley“, „JPMorgan Chase & Co.“ и „BTG Pactual Group“ се обединија околу мислењето дека чилеанските акции ќе имаат корист од зголемените цени на бакарот и од перспективата за повеќе пробизнис политики по претседателските избори во оваа година.

Индија

Во предвид можноста за вртење кон протекционизам од страна на САД, под водство на Трамп, средствата на Индија ќе изгледаат уште попривлечни.

Одлуката на премиерот на земјата Нарендра Моди да ги повлече од оптек банкнотите со висока деноминација може да доведе до застој и да предизвика дополнителни намалувања на каматните стапки во Индија, што ќе биде добро за обврзниците.

Индонезија

Многу од компаниите вклучени во бенчмарките на земјата, се ориентирани кон домашниот пазар фирми или рударски компании, кои би требало да се профитира, ако цените на никелот и јагленот продолжат да се зголемуваат во 2017-та година.

Индонезиските обврзници пак се постојан фаворит на инвеститорите, особено по дефицитот на тековната сметка на платниот биланс на земјата кој се намали во последните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП