19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал нуди 29 милиони фунти за Јоветиќ

Арсенал нуди 29 милиони фунти за Јоветиќ

Stevan+Jovetic+AC+Chievo+Verona+v+ACF+Fiorentina+Pt9uXKf9q7Nx

Според тврдењата на англиските медиуми, Арсенал направил сериозен чекор во своите обиди на „Емирати“ да го доведе играчот на Фиорентина, Стеван Јоветиќ.

Лондонскиот тим веќе некое време ги следи настапите на црногорскиот репрезентативец, кој иако повреден, беше главна „карика“ во екипата на Виченцо Монтела.

Како што тврдат медиумите од „Островот“ Јоветиќ својата кариера ќе ја продолжи во Лондон, поради тоа што најверојатно постигнал договор со Арсен Венгер.

„Топџиите“ добиле зелено светло од Црногорецот, па сега на ред се преговорите со Фиорентина, која во Јоветиќ гледа еден од најважните фудбалери и носители на играта во иднина.

Сепак доведувањето на Џузепе Роси во Италија се толкува како сигурност од страна на „виолетовите“ за евентуалното заминување на Јоветиќ за кој Арсенал најверојатно е подготвен да понуди дури 29 милиони фунти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП