ПочетнаЕКОНОМИЈАДонација на опрема за справување со поплави од полската фирма Росомак

Донација на опрема за справување со поплави од полската фирма Росомак

poplava 902

Во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Варшава – Полска, фирмата Росомак С.А. од Полска, која е производител на воена опрема, додели на Република Македонија донација која се состои од опрема за справување со поплави.

Опремата ја сочинуваат пумпи за вода и кал со различен капацитет со вкупен број од околу 280 парчиња, како и соодветни црева и резервни делови за истите, агрегати за електрична енергија со различен капацитет околу 30 парчиња и 51 носило.

Опремата е пристигната во Македонија и е сместена во магацините на Дирекцијата за заштита и спасување. Официјалното примопредавање и потпишување на договор за донација помеѓу Росомак С.А. и ДЗС ќе се одвива во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување во касарната Гоце Делчев во Скопје во среда.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП