28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНоле ќе ја започне 2017-та со настап на четири турнири во првите...

Ноле ќе ја започне 2017-та со настап на четири турнири во првите три месеци

noleta mia12

Новак Ѓоковиќ во првите три месеци од 2017 година ќе одигра само четири турнири, а во неговиот распоред го нема настапот во Дејвис купот, во февруари.

Годината, Ѓоковиќ ќе ја отвори во Доха на 2.јануари, потоа го очекува настапот на првиот грен слем, Аустралијан опен од 16. до 29.јануари, а потоа ќе паузира околу 40-тина денови до Мастерсот во Индијан Велс (9.март).

По турнирот во Калифорнија, тенисерите се селат во Мајами на вториот Мастерс во сезоната.

Ѓоковиќ на овие три турнири минатата година ги освои титулите што значи дека ќе брани 4.500 поени.

Во април на програмата е Мастерсот во Монте Карло и АТП турнирот од серијата 500 во Барселона, но Ѓоковиќ нема објавено на кои турнири ќе настапи по Мастерсот во Мајами.

За разлика од минатите години, српскиот тенисер нема да настапи во Дубаи, каде освоил пет титули, а во распоредот го нема ниту мечот првото коло во Дејвис купот против Русија (3 – 5 февруари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП