25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлат потврди: Багацкис оди во Макаби

Блат потврди: Багацкис оди во Макаби

bagackis-696x411

Тренерот на Дарушафака Дејвид Блат потврди дека неговиот прв помошник Аинарс Багацкис ќе го преземе Макаби. „Изралеската гордост“, без тренер остана минатата по дебаклот од Црвена звезда во Белград, а во меѓувреме Макаби доживеа уштее еден пораз од ЦСКА Москва.

„Сеуште не потпишале договор, но нешто наскоро ќе се случи. Среќен сум што луѓето кои ми помагала во работата продолжуваат понатаму, се гордеам со него. Знам колку е важно тренер да добие вистинска шанса во кариерата. Му посакувам многу среќа во Макаби“, рекол Блат.

Интересно, Макаби во петок, во 14.коло во Евролигата, ќе гостува кај Дарушафака и веројатно тогаш ќе биде потпишан договорот.

Летонецот Багацкис како самостојно низ кариерата ги предводел Жалгирис, Јенисеј, Нижни Новгород и Будивељник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП