ПочетнаЕКОНОМИЈАПрва по промет акцијата на Стопанска Банка АД Скопје

Прва по промет акцијата на Стопанска Банка АД Скопје

photo_verybig_8244

На прво место според остварениот промет на Македонската берза во четвртокот се најде акцијата на Стопанска Банка АД Скопје.

Со споменатата акција, на самиот крај на тргувањето, во само една трансакција беа истргувани вкупно 39.500 акции по просечна цена од 900 денари, што претставува пад во вредноста на акцијата од нови 4,20 отсто.

Вкупниот промет на берзата изнесуваше солидни 40,3 милиони денари, реализирани преку 27 трансакции.

Меѓу „милионерите” беа и акциите на Нова Стоковна куќа АД Струмица, со 1,2 милиони денари и истргувани вкупно 14 акции преку блок трансакција, по просечна цена од 92.250 денари

И вчера продолжи падот на МБИ-10, со корекција од 0,34 отсто.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП