29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаумовски останува претседател на МКФ

Наумовски останува претседател на МКФ

pece-naumovski-696x512

Вонредното собрание на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), свикано за да му се изгласа недоверба на претседателот Петар Наумовски, заврши со победа на првиот човек на мак-баскетот, откако ја доби довербата на 18 од 28-те делегати.

Инцијаторите за смена на Наумовски беа сигурни дека ќе успеат да стават крај на 18-месечното владеење на претседателот, но гласањето покажа дека Наумовски добро одработил на терен.

Прославениот кошаркар ја доби довербата на 18 делегати, 10 беа против, што го потврди и Комисијата за верификација.

Пред самото гласање се водеше жестока дискусија предизвикана од инсистирањето на Наумовски да се гласа тајно, иако и претставникот на Агенцијата за млади и спорт посочи дека според актите на МКФ, односно според Статутот и Деловникот, гласањето треба да биде јавно.

„Можам да кажам дека победи кошарката, а не личност, што во случајов бев јас. Ова помина, а ние веќе од утре ќе продолжиме со реализирање на нашата програма“, рече меѓу другото Наумовски по гласањето.

Од друга страна, оние кои го иницираа собранието најавија дека ќе поднесат жалба. Нивните забелешки се однесуваат најмногу на појавувањето на некои, како што рекоа, паралелни асоцијации-здруженија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП