23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвертон подобар од Арсенал, Лестер загуби од Борнмут (видео)

Евертон подобар од Арсенал, Лестер загуби од Борнмут (видео)

142753788458506b6b6a7cf772958341_w640

Фудбалерите на Арсенал и Лестер забележаа порази на гостувањата кај Евертон, односно Борнмут, во натпреварите со кои беше отворено 16.коло во Премиерлигата.

Евертон до триумфот над Арсенал стигна со пресврт, откако „топпџиите“ водеа со голот на Алакесис Санчез, кој за него е 12-ти во првенството. Во финишот на првото полувреме израмни Колман, а на пет минути до крајот Вилијамс го постави конечниот резултат 2:1.

Арсенал се обиде во финишот да израмни, но во последниот напад дефанзивците на Евертон два пати од гол линијата ја исфрлаа топката во поле.

Тимот на Арсен Венгер со поразот на „Гудисон“ ја прекина серијата од три победи, односно низата од 14 натпревари на кои немаше пораз.

Лестер, кој во неделата, го декласираше Манчестер Сити, не успеа да избори поволен резултат кај Борнмут. Домашниот тим славеше минимално со брилијантниот гол на Пу во 34.минута од натпреварот.

Колото во среда ќе биде комплетирано со натпреварите: Мидлзброу-Ливерпул, Вест Хем-Барнли, Кристал Палас-Манчестер Јунајтед, ВБА-Свонси, Манчестер Сити-Вотфорд, Стоук-Саутемптон, Тотенхем-Хал, Сандерленд-Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП