28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар со прв пораз во СЕХА лигата

Вардар со прв пораз во СЕХА лигата

vardar-2-696x463

Ракометарите на Вардар, го забележаа првиот пораз во СЕХА лигата, откако „црвено-црните“ потклекнаа пред ППД Загреб 28:26. И покрај поразот Вардар е лидер на табелата во регионалната конкуренција.

ППД Загреб вторпат сезонава е кобен за македонскиот првак Вардар. Хрватскиот шампион изминатиот месец му го нанесе првиот пораз на Вардар во Лигата на шампионите, а во вторникот стана првиот тим во СЕХА лигата кој ги победил „црвено-црните“.

И покрај поразот Вардар е прв на табелата во СЕХА конкуренцијата со 35 бодови од 14 одиграни натпревари, седум повеќе од ППД Загреб кој има и два натпревара помалку.

Вардар одигра лошо прво полувреме и сите обиди во вториот дел да го надомести загубеното беа безуспешни.

ППД Загреб во мечот влезе по големата победа над Веспрем, доминираше во првиот дел стекнувајќи предност од пет гола 16:11.

Предноста стекната по првите 30 минути ППД Загреб искусно ја одржуваше позитивата, а Вардар до пристоен пораз стигна во финишот на мечот.

Борозан, Карачиќ и Чупиќ со по четири голови беа најефикасни во тимот на Вардар, додека ППД Загреб го предводеше некогашниот вардарец Марковиќ со седум гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП