19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШефовите на Формула 1 тимовите: Хамилтон и Ферстапен се подобри од Розберг

Шефовите на Формула 1 тимовите: Хамилтон и Ферстапен се подобри од Розберг

british-gp-696x387

Нико Розберг ја освои титулата во шампионатот на Формула 1, но за шефовите на тимовите најдобар оваа сезона бил неговиот тимски колега Луис Хамилтон.

Розберг на патот до титулата оствари девет победи, една помалку од Хамилтон.

По завршувањето на сезоната магазинот Аутоспорт ги анкетирал шефовите на Формула 1 тимовите, а според нив новиот шампион е на третото место.

Прв во анкетата е Луис Хамилтон, а втор тинејџерот од Ред Бул Макс Ферстапен, четврти е неговиот колега Даниел Рикардо, а петти Себастијан Фетел од Ферари.

Во анкетата гласале: Тото Волф (Мерцедес), Кристијан Хорнер (Ред Бул), Маурицио Аривабене (Ферари), Виџај Малаја (Форс Индија), Клер Вилијамс (Вилијамс), Ерик Булије (Мекларен), Франс Тост (Торо Росо), Гинтер Штајнер (Хас), Фред Расер (Рено), Мониша Калтерборн (Заубер) и Дејв Рајан (Менор).

Хамилтон оваа сезона победи на 10 трки, а освои 12 пол позиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП