19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСеуште не се познати причините за падот на авионот кај Меделин

Сеуште не се познати причините за падот на авионот кај Меделин

kutii333

Сеуште не се познати причините за падот на авионот на компанијата Ламиа, кој се урна во централниот дел на Колумбија, а во кој смртно настрадаа 71 лица. Бројката на загинати колумбиските власти ја корегираа бидејќи е утврдено дека четири патника не се качиле на летот во Сао Паоло.

Во трагичната несреќа, која се случи во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, загина речиси целиот тим на бразислкиот фудбалски прволигаш Шапикоенсе. Авионот се урнал во близина на градот Меделин во централна Колумбија.

Истражните органи сеуште не ги утврдиле причините за падот на авионот. Како што објави CNN, фактот дека на деловите на распаднатиот авион нема траги од оган упатува дека леталото останало без гориво, поради што моторите престанале да работат.

Понатаму се додава дека е невозможно да се објасни како авионот останал без гориво, иако директорот на колумбиската Цивилна авијација, Алфредо Боканегра, рекол дека прелиминарната истрага покажува дека станува збор за „електронски проблем“.

Тој дополнил дека истрагата треба да утврди дали во леталото имало доволно гориво во резервоарите, а доколку немало да се истражи како тоа се случило на пет километри од аеродромот на кој требало да слета.

CNN го цитира и експертот за воздушна безбедност Грант Брофи кој рекол, во цивилната авијација, многу ретко се случува авион да остане без кориво.

Според податоците на Flyradar24, авионот се наоѓал на висина од 20.000 фита кога започнал да паѓа, истовремено посадата го активирала безбедносниот аларм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП