23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБатон во Абу Даби ќе ја заврши кариерата

Батон во Абу Даби ќе ја заврши кариерата

jensonbutton

Џенсон Батон светскиот шампион од 2009 година најави дека по трката во Абу Даби ќе се повлече од Фромула 1.

„Одам кон овој викенд со мисла дека ова е мојата последна трка. Во овој момент немам желба повеќе да возам во Формула 1“, рекол возачот на Мекларен на прес конференцијата.

Во текот на сезоната Батон најави дека ќе пузира наредната година, а Мекларен го задржа правото да го врати во 2018 година. Сепак 36-годишниот Бртанец, во четвртокот, изјави дека повеќе нема да вози.

Џенсон Батон кариерата ја започна во 2000 година, а трката в недела ќе биде 305-та во неговата кариера. Повеќе трки од него имаат возено само Рубенс Барикело и Михаел Шумахер.

Во кариерата победил на 15 трки во Формула 1, а возел во Вилијамс, Бенетон, БАР, Хонда, Брон и Мекларен.

Покрај Џенсон Батон в недела својата последна трка во Формула 1 ќе ја вози и пилотот на Вилијамс Фелипе Маса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП