25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВавринка го победи Чилиќ

Вавринка го победи Чилиќ

stane33

Стан Вавринка го победи Марин Чилиќ во групата „Џон Мекинро“ на завршниот Мастерс во Лондон. Швајцарецот до триумфот дојде во два тај брејка 7:6, 7:6.

Вавринка славеше над Чилиќ, откако имаше повеќе нерви во двата тај брејка и успеа да го поправи впечатокот по лошото издание и поразот од Кеи Нишикори во првото коло.

Третиот носител, во третото коло, ќе игра против Енди Мари, овој меч на програмата е в петок.

Во случај Вавринка да го победи Мари, а Нишикори го совлада Чилиќ, тогаш во оваа група ќе се формира круг од тројва тенисери кои ќе имаат по две победи и пораз и за пласман во полуфиналето ќе одлучува сет количникот.

На завршниот Мастерс во Лондон, во четврток, ќе се одиграат натпреварите од третото коло во групата „Иван Лендл“.

Во првиот меч, од 15 часот Новак Ѓоковиќ ќе игра против Давид Гофан, кој го замени повредениот Гњел Монфилс, додека од 21 часот својот меч ќе го одиграат Милош Раониќ и Доминик Тим.

Ѓоковиќ веќе избори полуфинале, каде ќе му се придружи победникот од вториот меч Раониќ-Тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП