18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка со повисока добивка во однос на ланскиот период

ТТК Банка со повисока добивка во однос на ланскиот период

ttk

ТТК Банка АД Скопје во периодот од 1.1.2016 до 30.9.2016 година дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и Финансискиот план на Банката за 2016 година, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување.

Банкатa, од своето работење во периодот 1.1. – 30.9.2016 година, оствари позитивен финансиски резултат во износ од 17,7 милиони денари, којшто е повисок во однос на финансискиот резултат остварен во истиот период минатата година во износ од 8,1 милиони денари.

Остварената добивка на Банката пред исправка на вредност изнесува 131,4 милиони денари и е за 26,8% повисока споредено со минатата година. Во анализираниот период, Банката успеа да генерира оперативни приходи кои се повисоки за 4,5%, како и ефикасно да управува со оперативните расходи и да оствари нивно намалување за 5,0%, што резултира со подобрување на оперативната ефикасност во работењето на Банката.

Нето-приходите од камати на 30.9.2016 година изнесуваат 196,0 милиони денари и бележат мала надолна промена од 2,4%, споредено со истиот период минатата година. Внимателниот пристап на Банката при кредитирање на секторот нефинансиски друштва влијае реализацијата на планираното ниво на нето-приходи од камати да изнесува 93,3%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 106,3 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се пониски за 8,5%. Намалувањето во најголем дел потекнува од сегментот кредитирање на стопанство. Планираните нето-приходи од провизии се остварени со 89,0%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 6,8 милиони денари и во однос на минатата година бележат намалување за 1,1 милиони денари или 14,2%. Остварувањето на планот изнесува 80,6%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 54,2 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 30,5 милиони денари или 128,3% како резултат пред сѐ на реализираните капитални добивки од продажба на средства. Степенот на исполнување на планот е 148,8%.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 232,5 милиони денари и споредено со истиот период минатата година се пониски за 5,0%, при што заштеда се забележува кај материјалните и административни трошоци, како и кај трошоците за амортизација. Степенот на исполнување на планот е 93,3%.

Во согласност со Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања, во периодот јануари – септември 2016 година евидентирана е загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа во износ од 37,6 милиони денари, што е за 29,9% пониско оштетување во однос на минатата година. Подобрувањето на споменатата позиција се должи на континуирани напори за продажба на преземените средства.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа во анализираниот период изнесува 76,0 милиони денари и издвоените исправки на вредност соодвествуваат со обемот, структурата и со квалитетот на пласманите на Банката.

Комплетниот финансиски извештај можете да го погледнете тука.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП