25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГркот Зурос нов тренер на Будуќност

Гркот Зурос нов тренер на Будуќност

elias-zouros-61691863

Грчкиот стратег Илијас Зурос го наследи Владо Шќепановиќ на клупата на кошаркарскиот клуб Будуќност Воли, рекол претседателот на клубот Драган Бокан. Шќепановиќ поднесе оставка, во неделата по поразот на Будуќност во Скопје, од Карпош Соколи.

Илијас Зурос е нов тренер на второпласираниот тим во регионалната кошаркарска АБА лига, Будуќност Воли.

„Единствено квалитетно решение за Будуќност во овој момент беше ангажман на искусен тренер, со кој ќе можеме да ја спасиме сезоната во Еврокупот и да продолжиме со добрите игри во АБА лигата“, рекол Бокан.

Зурос во кариерата бил тренер на Олимпијакос, Перистери, Арис, Панелиниос, Жалгирис и Ефес, а бил и селектор на Грција односно Грузија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП