18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБританската полиција ја истражува корупцијата во фудбалот

Британската полиција ја истражува корупцијата во фудбалот

PC Brandon Flavell on duty at Bescott Stadium Walsall

Британската полиција покрена истрага по наводите за поткуп, откако нејзините службеници имале увид во материјалот кој го снимиле новинарите на „Дејли Телеграф“. Новинарите на весникот ја открија аферата за корупција во англискиот фудбал.

Поради аферата селекторот Сем Алардајс по само еден натпревар мораше да ја напушти клупата на англиската репрезентација. На снимката на „Дејли Телеграф“, Алардајс е снимен како на новинарите, за кои верува дека се менаџери од далечниот Исток, им дава совети да ги заобиколат правилата на Фудбалската асоцијација на Англија кои се однесуваат на трансферите на играчи од странство.

Инаку, полицијата во соопштението наведе дека Алардајс не е предмет на истрагата.

„Бев убеден дека така и ќе биде, бидејќи против мене не постојат докази. Барам ФА да се позанимава час поскоро со оваа тема. Сепак сум тажен што мојот мандат прерано заврши, но горд сум што добив можност да ја водам репрезентацијата“, вели во соопштението Алардајс кое го пренесе БиБиСи.

Во исто време, од ФА соопштија дека немале пристап до материјалите и дека нема да покренат истрага сѐ додека трае истрагата на полицијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП