Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,711.00 -0.22%    CKB 600.00 0%    GRNT 749.26 2.64%    KMB 3,877.73 2.32%    MPT 29,000.00 3.2%    OHB 5,603.27 -0.83%    OKTA 3,582.84 3.79%    PPIV 38,450.00 -2.94%    SBT 1,901.00 -2.9%    STB 940.00 0%    STIL 125.00 0.47%    TEL 280.11 0.04%    TNB 13,150.00 0%    TPLF 1,800.00 0.03%    ZILU 167.71 1.64%    

Диета која го намалува холестеролот

Време: 12:59

Датум: ноември 8, 2016

Категорија: ДИЕТИ

1984363193581f3a06b3e21152182617_v4-big

TLC режимот на исхрана ги елиминира килограмите и лошите масти во крвта. Овој план на исхрана подразбира што повеќе консумирање на овошје, зеленчук, интегрални житарки и бело месо.

Покрај тоа што оваа диета го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта за осум до 10 проценти, таа исто така го намалува и ризикот од појавата на срцеви болести. Овој начин на исхрана им се препорачува и на оние со предиспозиции за добивање на дијабетес тип 2, бидејќи придонесува за намалување на инсулинот во крвта.

При TLC режимот за исхрана би требало да консумирате непреработени или намирници кои не се премногу преработени. Црвеното месо и месните преработки комплетно исфрлете ги, а немасто нив консумирајте мисиркино месо, пилешко месо и риба. Секој ден би требало да јадете намирници кои содржат протеини, а во текот на неделата дозволено е да изедете најмногу две јајца. Сирењето, млекото и останатите производи се дозволени, додека маргаринот не доаѓа во предвид. Се препорачува консумацијата на зеленчук богат со влакна како што е гравот, грашокот, леќата, со цел килограмите да се стопат.

Со цел TLC режимот за исхрана да има целосен ефект ви се советува и некаков спорт, танцување или секојдневно вежбање во времетраење од половина час.

 

Пример мени

 

Прв ден

Појадок: мусли од цело зрно со немасно млеко и чаша свежо цеден сок од портокал

Ужинка: една крушка

Ручек: 100 гр грилувано пилешко месо со кафеав ориз и салата од домати

Ужинка: шака индиски ореви

Вечера: салата од туна

 

Втор ден

Појадок: смути од банана и шолја нискомаслено млеко

Ужинка: јаболко

Ручек: порција грашок

Ужинка: шака несолени бадеми

Вечера: салата од домати и маслинки

 

Трет ден

Појадок: кришка леб од цело зрно, намачкана со путер, краставица и ливче кашкавал

Ужинка: шака пуканки

Ручек: порција риба со зеленчук подготвена на пареа

Ужинка: чаша кефир

Вечера: порција грчка салата

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Пролетна диета со долготраен ефект

    Пролетна диета со долготраен ефект

    Пробајте ја оваа пролетна диета и уживајте во нејзините благодети. Диетата се држи 2 недели, постојат две варијатни кои се повторувааат една по друга. Опција…

  • Диета со краставици и домати

    Диета со краставици и домати

    Со диетата со краставици и домати може лесно да ослабите, а се што е потребно да дојдете до формата која ја посакувате е да го…

  • ДИЕТА: Лимонада диета – за 14 дена 9 килограми помалку

    ДИЕТА: Лимонада диета – за 14 дена 9 килограми помалку

    Лимонада диета, која исто така се нарекува „диета голем чистач“, трае 10 – 14 дена. За две недели, можете да изгубите до 9 кг од…

  • Одлична диета од 4 дена: Намалете 4 до 5 кг

    Одлична диета од 4 дена: Намалете 4 до 5 кг

    За луѓе на кои им е потребно за брзо време да ослабнат за некоја посебна прилика, диетата од 4 дена за намалување на 4 до…

  • Диета со супа од зеленчук: Ослабете 5 кг за 7 дена

    Диета со супа од зеленчук: Ослабете 5 кг за 7 дена

    Со диетата со супа од зеленчук можете да намалите 5 килограми за една недела. Рецептот за супата е уникатен и едноставен. Таа успешно ќе ги исчисти…

  • 5-дневна мартовска диета

    5-дневна мартовска диета

    Оваа диета претежно се состои од овошје и зеленчук. Таа трае 5 дена, после кои се потребни 2 дена одмор, односно нормално, но не претерано…

  • 3-дневна диета со туна

    3-дневна диета со туна

    Оваа диета помага без голем напор да изгубите 1,5 кг за 3 дена. Звучи одлично, зарем не? Па да видиме како изгледа оваа кратка диета……

  • 14-дневна бразилска диета

    14-дневна бразилска диета

    Со 14-дневната бразилска диета за две недели може да го симнете 4-5кг. Ако не сакате јајца, најдобро е воопшто да не започнувате со оваа диета.…

  • Oслабете до 10 кг со оваа 3-неделна диета

    Oслабете до 10 кг со оваа 3-неделна диета

    Погледнете како да ослабите од 5 до 10 килограми, држејќи ја 3-неделната диета на експертот за исхрана Брајан Филат. 3-неделната диета на Брајан Филат е…

  • Диета: За 15 дена 5 кг помалку

    Диета: За 15 дена 5 кг помалку

    Оваа диета ви овозможува да загубите 5 килограми за 15 дена. Со неа се внесуваат доволно витамини и минерали, па нема чувство на слабост при…