29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏерард ќе се пензионира

Џерард ќе се пензионира

stivi-g-696x418

Светот на фудбалот ќе го напушти уште една жива легенда. Стивен Џерард реши да ја заврши кариерата откако неговиот Ла Галакси ја заврши сезoната, пренесуваат англиските медиуми.

Џерард има 36 години, а речиси целата своја кариера (17 години), ја мина во Ливерпул. Стиви Џи како капитен ги предводеше „црвените“ цели 12 години. За Ливерпул одиграл 710 натпревари и постигнал 186 голови.

Џерард со Ливерпул во 2005 година ја освои Лигата на шампионите, вкупно со тимот од „Енфилд“ освоил осум трофеи, но не и Премиерлигата. За англиската репрезентација запишал 114 настапи со 21 постигнат гол.

Последните два сезони Џерард ги мина во ЛА Галакси, тој за овој тим одигра 38 натпревари и постигна пет гола, а последниот е против некогашниот ривал од Евертон, голманот Тим Хауард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП