20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕл Класико ќе се игра во термин погоден за азискиот и за...

Ел Класико ќе се игра во термин погоден за азискиот и за американскиот пазар

%d1%80%d0%b5%d0%b0%d0%bb-%d0%ba%d0%b8%d0%ba%d0%b8

Фудбалот одамна е заробеник на арапскиот, рускиот, американскиот, а во поново време и на кинескиот капитал, па поради тоа не чуди одлуката на раководството на шпанската La Liga, најголемото европско дерби и едно од најголемите во светот, Барселона-Реал, да се игра во за европски услови неатрактивен термин.

Првото „Ел Калсико“ оваа сезона ќе се игра во Мадрид, во терминот од 16:15 часот, иако во Шпанија самата најава дека тоа може да се случи наиде на многу критики.

Барселона и Реал своето прво соочување оваа сезона ќе го имаат во рамките на 14.коло, во сабота на 3.декември.

„Разгледувавме три термини и на крајот решивме дербито да се игра од 16:15 часот. Доколку игравме од 18 часот тоа ќе беше предоцна за азискиот пазар, а доколку се решевме за терминот 13 часот тоа ќе беше премногу рано за американскиот пазар“, појаснил претседателот на La Liga, Хавиер Тебас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП