20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар во финишот ја „скрши“ Победа (видео)

Вардар во финишот ја „скрши“ Победа (видео)

%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b4%d0%b0%d1%80-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%88

Вардар ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на Шкендија и Работнички, откако во 12-то коло во драматичен натпревар славеше над Победа 2-1.

Актуелниот првак на Македонија, Вардар, во финишот на мечот успеа да направи пресврт против Победа и да ги освои бодовите, со кои на врвот се „одлепи“ на седум бода од Шкендија и осум во однос на Работнички.

Победа во Скопје од 25-та минута со голот на Гешоски, водеше се до 88-та минута кога најпрвин Асани израмни на 1-1, а потоа Којашевиќ во 94-та минута со прекрасен удар од 25 метри му ја донесе победата на својот тим.

Конкурентите на Вардар, Шкендија и Работнички, во ова коло ремизираа. Шкендија веќе три кола не знае за победа, по поразите од Вардар и Шкупи, поради кои тренерот Акраповиќ доби отказ, тимот од Тетово не успеа да победи кај Шкупи. Натпреварот заврши без голови.

Работнички како гостин освои бод кај Ренова. Селмани постигна гол за Ренова во 21-та минута, а 15 минути подоцна конечните 1-1 ги постави Елмаз.

Еден гол, кој го постигна Недељковиќ, го реши победникот на мечот Силекс- Брегалница, додека со голот на Бујчевски Пелистер ги освои бодовите против Македонија ЃП.

Резултати, 12.коло:

Шкупи-Шкендија 0:0

Силекс-Брегалница 1:0

Пелистер-Македонија ЃП 1:0

Ренова-Работнички 1:1

Вардар-Победа 2:1

Табела: 1. Вардар 28, 2. Шкендија 21, 3. Работнички 20, 4. Пелистер 19, 5. Ренова 16, 6. Силекс 14, 7. Шкупи 14, 8. Победа 10, 9. Брегалница 9, 10. Македонија ЃП 8.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП