24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал го сакал Гвардиола за тренер

Реал го сакал Гвардиола за тренер

pepco-rm33

Пеп Гвардиола бил првиот избор на Флорентио Перез, првиот човек на Реал Мадрид, кога тој решил да му врачи отказ на тогашниот тренер Рафаел Бенитез, тврди пријателот на Гвардиола Марти Перарнауи.

Реал, пред нешто помалку од една година беше во криза, резултатите беа под очекувањата и амбициите на „кралскиот клуб“, кој не импресионираше ниту со играта. Цехот го плати Рафаел Бенитез, а клубот веднаш го назначи Зинедин Зидан за тренер, кој подоцна ја освои Лигата на шампионите.

Сепак Зидан не бил првиот избор на претседателот на Реал, Флорентино Перез, туку тој испратил понуда до Пеп Гвардиола, кој тогаш седеше на клупата на минхенски Баерн, тврди пријателот на поранешниот тренер на Барселона, Марти Перарнауи.

Неколку месеци по назначувањето на Зидан за тренер на Реал, Пеп Гвардиола објави дека по Баерн ќе биде тренер на Манчестер Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП