ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата надминаа 50 долари

Цените на нафтата надминаа 50 долари

nafta-pafta

Цените на барел нафта на светските берзи во четврток поминаа над 50 долари, по коментар на извор од Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) дека членките од Персискиот залив изразиле волја за намалување на производството за четири отсто.

„Сѐ укажува на тоа дека тоа е причината за растот на цената“, рече пазарниот аналитичар од „Комерц банк“, Карстен Фрич.

Во Лондон цената на барел на сурова нафта од типот „брент“ од Северното море е поголема за 38 центи и сега изнесува 50,36 долари.

Цените на нафтата пораснаа по неочекуваното намалување на резервите на сурова нафта во САД, кои се најголем потрошувач на овој енергенс.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП