20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВеселин Вујовиќ повеќе не е тренер на ППД Загреб

Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на ППД Загреб

%d0%b2%d0%b5%d1%81%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d0%bd

Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на ракометарите на ППД Загреб. Хрватскиот шампион, во саботата, загуби од Мешков Брест и го запиша четвртиот пораз во Лигата на шампионите, што е и причината за разделба на црногорскот стратег и ППД Загреб.

ППД Загреб, минатосезонскиот четвртфиналист во Лигата на шампионите, од почетокот на новата сезона е далеку од нивото кое играше изминатите сезони под палката на Вујовиќ.

Екс тренерот на Вардар, по поразот од Мешков Брест, најавил дека е подготвен да си замине доколку постои тренер кој може да му помогне на овој тим на ППД Загреб.

Вујовиќ во септември 2014-та стана тренер на ППД Загреб и успеа да створи респектибилен тим, кој минатата сезона стигна до осумте најдобри во Лигата на шампионите.

ППД Загреб, во наредното коло во Лигата на шампионите, на 22. октомври ќе го пречка Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП