ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Васил Василев во Прилеп

Изложба на Васил Василев во Прилеп

vasil

Во понеделник, во 19 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“, ќе биде отворена изложба на скулптури и цртежи од Васил Василев.

Изложбата има ретроспективен карактер и е дел од програмата за одбележување на државниот празник 11 Октомври- Денот на вооруженото востание.

Васил Василев е роден 1938 година во Скопје. Академија за ликовни уметности запишал во Љубљана (Словенија) во класата на проф. Борис Калин и проф. Драго Тршар. Студиите ги продолжил во Белград (Србија) каде и дипломирал во 1965 година на Академијата за ликовни уметности, во класата на проф. Јован Кратохвил. Член е на ДЛУМ од 1966 година. Остварил студиски патувања во: Италија, Франција, Германија, Грција, Бразил, Египет, Кина, САД итн.

Има повеќе самостојни изложби во Скопје, Битола, Белград (Србија) и во Струмица. Учествувал на повеќе групни изложби на Балканот, во САД, Австралија, Унгарија, Турција. Учествувал и на повеќе ликовни колонии.
Негови дела се присутни во парковите во Скопје, Аранѓеловац (Србија), Подгорица (Црна Гора), Лендава (Словенија), Белград (Србија), Кичево, Прилеп и Пелинце.
Добитник е на повеќе награди и признанија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП