13 мај, 2025
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 10.10.2016 до 16.10.2016

Неделен хороскоп – 10.10.2016 до 16.10.2016

nedelen-nedelen-horoskop-zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

РАБОТА: Доколку сакате поголема заработка, најдобро е да побарате работа во голема компанија, реално имате шанси за тоа.

ЉУБОВ: Ви се допаѓа некое лице но немате храброст да му пријдете. Оние во врска ќе имаат мали конфликти.

ЗДРАВЈЕ: Можни се болки во долниот дел од стомакот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

РАБОТА: Иако сакате да отпатувате во странство, оваа недела не е поволна за тоа. Целиот месец не е поволен за големи промени, почекајте подобар период.

ЉУБОВ: Предизвикувачка недела за сите Бикови кои се во врска или брак. Бидете љубезни и нежни со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Чувствителни нозе и стапала.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

РАБОТА: Планетите се на ваша страна – оваа недела ќе можете да очекувате промена на работа. Промена која ќе донесе подобри нешта.

ЉУБОВ: Слободните мораат да расчистат со минатото. Зафатените ќе бидат многу страствени оваа недела.

ЗДРАВЈЕ: Можна е мала настинка.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

РАБОТА: На крајот од неделата ве очекува значителен паричен приход. Инвестирајте во нешто што ќе ви се исплати.

ЉУБОВ: Оваа недела поминете ја со семејството. Тоа ќе ви даде сила и енергија за нови победи.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со грлото.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

РАБОТА: Очекувате некаков подарок, позајмица или зголемување. Оваа недела е поволна за тоа.

ЉУБОВ: Доколку сте во врска со личност родена во земјен знак (Бик, Девица, Јарец) можна е сериозна кавга.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

РАБОТА: Обратете и се на некоја Шкорпија, Рак или Овен за помош. Немојте да бидете премногу горделиви.

ЉУБОВ: Можни се кавги за ситници. Опуштете се не правете драма за ништо.

ЗДРАВЈЕ: Зголемен холестерол, поведете сметка за исхраната.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

РАБОТА: Оваа недела сте полни со енергија и елан. Ве очекуваат работни победи.

ЉУБОВ: Им дозволувате на другите да се мешаат во вашиот љубовен живот, престанете да го правите тоа.

ЗДРАВЈЕ: Напнатост и стрес.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

РАБОТА: Доколку не сте подготвени за нов свеж почеток, продолжете со работата по старо, без големи очекувања.

ЉУБОВ: Доколку сте се искарале со партнерот, време е да ја спуштите топката и да се смирите. Не водете инает без потреба.

ЗДРАВЈЕ: Нервоза и стрес.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

РАБОТА: Ве мачи некое случување од минатото. Разговарајте со соработниците. Тие ќе ви помогнат.

ЉУБОВ: Во вашиот живот влегла или штотуку ќе влезе некоја интересна личност. Бидете отворени за нови почетоци.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

РАБОТА: Ова е вистинско време за организирање околу новиот проект. Бидете храбри и истрајни, не се откажувајте на првата пречка.

ЉУБОВ: Активирајте се малку повеќе во љубовниот живот. Никој не може да ви помогне доколку сте затворени.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со кожата.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

РАБОТА: Вашата работа стана малку досадна. Не чувствувате возбуда околу неа. Доколку тоа започна да ви пречи, време е да промени нешто.

ЉУБОВ: Партнерот ви замерува за љубомората и посесивноста. Иако ви е тешко, редно време е да го промените однесувањето.

ЗДРАВЈЕ: Нервоза.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

РАБОТА: Колегите ви се многу драги, но немате премногу доверба во нив. Не ги кажувајте на глас сите ваши мисли.

ЉУБОВ: Можна е врска со лице родено во знакот на Бик. Конечно ќе се чувствувате сигурно и сакано.

ЗДРАВЈЕ: Неoпходна ви е физичка активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП