10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономисти- на кого да се верува и кој да се следи?

Економисти- на кого да се верува и кој да се следи?

eco

На водечките светски економисти им недостасува кртеирање на големата слика за решавање на проблемите.

Пред неколку години угледниот бизнис весник “Harvard Business Review” постави на насловната страна едно интерсно прашање: Каде оди ова? Нема сомневање дека прашањето беше насочено кон економистите.

Во време на светска економска криза често се прават шеги на сметка на економистите: ”Кога ќе се сретнат двајца економисти, постојат три мислења”, или “Кога економистите предвидуваат, го подигаат угледот на астрологијата”. Има подолга серија на шеги кои ја опишуваат конфузноста на економистите во обидот да дадат одговор на клучните дилеми на кризниот период кој го зафати светот.

Паралелно со економската криза и економската теорија доживува многу тежок период на стабилност.

Она што недостасува кај големите економисти, сосема сигрно, е да се создаде големата слика.

Парцијалниот пристап кон разбирање на економската логика и решавање на економските проблеми ги доведе економистите во ситуација на амбивалентност- на кого да му верувате и кого да следите.

И покрај различниот број на тези и несогласувања, еден е заеднички именител кој сигурно нема дилема: “Проблемот е голем и за него не постои лесно решение”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП