ПочетнаИНТЕРЕСНОАмерикански кошаркар починал на тренинг во Охрид

Американски кошаркар починал на тренинг во Охрид

kosarkar

Првиот тренинг кој требало да го одработи за екипата на АБ Охрид, бил фатален за 26-годишниот Американец Камерун Мур. Играчот, кој требаше да биде засилување за Охриѓани во Првата лига, починал на првиот тренинг.

Камерун Мур, Американец, кој требаше да биде засилување за АБ Охрид, колабирал, во вторникот на вечерниот тренинг. Во салата „Атина Бојаџи“ веднаш била повиката итната медицинска помош, но лекарите кога пристигнале можеле само да ја констатираат смртта.

Случајот е пријавен во охридската полиција, а телото на починатот Мур е предадено на обдукција.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП