19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТотенхем единствен непоразен во Премиерлигата (видео)

Тотенхем единствен непоразен во Премиерлигата (видео)

тоте

Тотенхем е единствената непоразена екипа по одиграни седум кола во англиската Премиерлига. Тотенхем, во дербито, го совлада Манчестер Сити 2-0 и на ривалот му го нанесе првиот пораз во првенството и воопшто првиот пораз во сезоната.

Тотенхем му се доближи на само еден бод на лидерот Манчестер Сити, откако во дербито победи 2-0.

Тимот на Маурисо Покетино победи со автоголот на Коларов во деветтата и Деле Али во 37-та минута.

Триумфот на Тотенхем можеше да биде изразен со уште еден гол повеќе, но Ламела во 67-та минута не успеа да реализира пенал.

Претходно, Манчестер Јунјатед со дозволи уште еден кикс, бидејќи одигра само 1-1 со Стоук.

Марсијал погоди за Јунајтед, а на десет минути до крајот израмни Ален.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП