ПочетнаКУЛТУРАПо 14 години две украдени слики на Ван Гог најдени во Неапол

По 14 години две украдени слики на Ван Гог најдени во Неапол

vangog slika 33

Две украдени слики од славниот холандски уметник Винсент Ван Гог (18523- 1890) се пронајдени од страна на италијанската полиција во Неапол, пренесе холандскиот јавен сервис.

Станува збор за делата „Поглед на морето кај Шевенинген“, настанато во 1882 година и „Паствата излегува од реформаторската црква во Нион“, слика настаната во 1884/1885 година, Сликите беа украдени во 2002 година од музејот на Ван Гог во Амстердам.

„Наоѓањето на овие слики навистина е голем чекор. Овој момент го чекавме четиринаесет години“, изјави Аксел Ругер, директор на Музејот Ван Гог.

Според телевизијата, платната биле откриени во текот на полициска истрага за организираниот криминал и се во добра состојба. Засега не е познато кога ќе бидат вратени во нивниот матичен музеј.

„Сосема природно е да сакате веднаш да ги донесете дома. Но ќе треба да покажеме малку повеќе трпение, но убеден сум дека можеме да сметаме на поддршката од италијанските власти“, додаде Ругер.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП