5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиската економија во силен пораст

Азиската економија во силен пораст

azija1

Азиската економија расте и се развива многу побрзо од европската. Но таа би можела да се развива уште повеќе кога азиските сили меѓусебно би соработувале.

Се што ја стимулира меѓусебната размена на стоки е добро. Тоа е порака која постојано ја испраќаат Светската трговска организација (СТО), Меѓународниот монетарен фонф (ММФ) и Светската банка.

„Досега, производството во Азија целосно зависеше од побарувачката од Запад. Седа азиските компании се повеќе се развиваат и произведуваат за азиските пазари. И компаниите од Западот се свртуваат кон растечкиот азиски пазар“, вели Ендру Шенг, претседател на Иститутот Глобал во Хонг Конг.

„Виновиник“ за овој тренд е азиската средна класа. Но азиската економија постојано бара нови пазари.

„Азија сега тргува со Африка, Латинска Америка и арапските земји. Само затоа нашиот трговски биланс сеуште е позитивен. Ако се потпиравме само на кризната Европа и САД тоа сега не би било така“, вели Зети Акхтар Азиз, шефот на Централната банка на Малезија.

Трговијата во земјите со нови економски сили е во пораст. Но и земјите во внатрешноста на Азија би можеле меѓусебно подобро да тргуваат. Најголемата пречка во тоа се сите видови на регионални аранжмани и договори. Тие всушност укинуваат некои од постоечките бариери, но во исто време го блокираат понатамошниот развој на трговијата.

„Големата количина на договори на некој начин ги исклучува малите и средни претпријатија и тоа мораме да го спречиме“, вели министерката за туризам на Индонезија Мари Пангесту.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП