18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПатот до работа влегува во работното време на работниците

Патот до работа влегува во работното време на работниците

40855603157da958cc8674823288515_w640

За сите работници кои немаат фиксно работно време, патот до првото одредиште на кое ја обавуваат работата и патот од последната задача до домот се смета за работно време.

Одлуката ја донесе Европскиот суд за правда, а се однесува на сите работници како трговците, разните мајстори и сервисери или патронажните медицински сестри и слични.

Во пресудата пишува дека судот ваквата одлука ја донел за да го заштити здравјето и безбедноста на работниците кои не работат во канцеларии.

Целата приказна започнала во Шпанија, од компанијата Tico која се занимава со инсталирање на безбедносни системи. Компанијата во 2011 година ги затворила сите свои регионални канцеларии, по што нејзините монтери морале да трошат многу време на патување до првиот клиент во денот, но и на крајот при враќањето дома по обавената работа, а тоа не им било пресметнао во работното време.

Се надеваме дека наскоро ваквиот начин на пресметување на работното време дека ќе се применува и кај нас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП