22 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp наскоро ќе им ги чита пораките на корисниците

WhatsApp наскоро ќе им ги чита пораките на корисниците

what 399

Компанијата „WhatsApp“, која е во сопственост на „Facebook“, моментално тестира нова можност за уредите со оперативен систем „iOS“. Станува збор за опцијата „Speak“, која е забележана на „iPhone“ за време на пишувањето на текстуалните пораки.

Опцијата „Speak“ му овозможува на уредот да му ги чита пораките на корисникот, а се појави и со останатите опции, како што се „Reply“, „Forward“, „Copy“, „Delete“ и „Message“.

Новата опција се уште не е достапна на сите уреди со „iOS“ и во моментов се појавува повремено. Меѓутоа, јасно е дека наскоро ќе ја имаат сите корисници.

Апликацијата „WhatsApp“ зa „Android“ исто така ќе ги добие новите можности, а меѓу нив се стикерите и можноста за пишување на фотографиите.

Новата надоградба носи и подобрено фотографирање преку апликацијата. Па кога корисникот ќе направи фотографија користејќи ја камерата со помош на апликацијата, ќе му бидат понудени и алатки за обработка за сликата. Корисниците ќе можат да пишуваат и цртаат по фотографиите и да додаваат стикери.

„Селфи“ фотографиите кои корисникот досега ги правеше во услови на лошо осветлување, сега се поквалитетни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП