20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАмериканецот Томас нов плејмејкер на МЗТ

Американецот Томас нов плејмејкер на МЗТ

томас

Американскиот кошаркар, Тори Томас (31 год., 180 см.), е новиот плејмејкер на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром. Томас потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион и освојувач на купот.

Томас е искусен плејмејкер, кој европската кариера ја почнал пред девет години, а досега играл за 12 различни екипи. Македонија е десеттата земја на Стариот континент каде што Томас професионално ќе настапува, со оглед на тоа што претходно бил дел од екипи од Шведска (Акропол), Холандија (Ханзеваст капиталс и Матрикс меџик), Полска (Туров и Роса Радом), Русија (Спартак Приморје), Србија (Партизан), Италија (Скаволини), Турција (Алиага Петким), Франција (Ле Ман и Шоле) и Грција (Арис).

Минатата сезона тој беше член на полскиот прволигаш Роса Радом.

Томас е четвртиот кошаркар од САД кој летово потпиша договор со МЗТ Скопје Аеродром, по Џош Скот, Џеремаја Мејси и Ксавиер Темс. Тука се уште Шарлон Клоф, Ѓорѓи Дреновац, Урош Лучиќ, Јуре Лалиќ, Марко Симоновски, Љубомир Младеновски, Адем Мекиќ и Андреј Цветковски.

„Металците“ за дваесетина дена со гостување против Црвена звезда ги почнуваат настапите во АБА-лигата, додека на 12 октомври против Уникаха во Малага ја имаат првата обврска во Еврокупот. Во домашното првенство ќе се приклучат дури во вториот дел од сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП