ПочетнаЕКОНОМИЈАНова блок трансакција со акцијата на Макпетрол

Нова блок трансакција со акцијата на Макпетрол

mak berza

На Македонската берза во средата најтргувана беше акцијата на Макпетрол, каде преку системска блок трансакција се истргуваа 400 акции по цена од 25.220 денари, додека во класичното тргување се истргуваа 20 акции при што цената на тргување беше 26.100 денари.

Тргувањето со Макпетрол претставуваше дури 75 отсто од вкупниот промет на Македонската берза остварен во средата, кој изнесуваше 14,1 милиони денари.

Обврзниците од петнаесеттата емисија имаа солиден промет од 1,4 милиони денари, при што се тргуваше по просечна цена од 92,62 отсто од номиналната вредност, што претставува пораст на цената за 0,13 проценти.

На официјалната страна на Македонската берза, ОКТА АД Скопје објави соопштение за остварените значајни финансиски резултати за првата половина од 2016година.

Во соопштението се наведени информации за оперативната и финансиска ефикасност на компанијата како и за одлуката на Генералното собрание да одобри исплата на дивиденда, за прв пат во историјата на компанијата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП