25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадежите чекор поблиску до ЕП

Надежите чекор поблиску до ЕП

надезите

Младата фудбалска репрезентација на Македонија направи уште еден чекор кон освојување на едно од првите две места во квалификациската група за пласман на Европското првенство во Полска. Македонија, во вторникот, ја совлада Северна Ирска со 2-0 и со 18 бодови се наоѓа на првата позиција во групата.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски, одиграа уште еден одличен меч, ја контролираа играта, а головите ги постигнаа во финишот на првиот, односно вториот дел.

Аврамовски во 37. минута нафрли од левата страна, а ирскиот дефанзивец Доерти несмасно интервенираше и ја затресе сопствената мрежа. Во самиот финиш на мечот Маркоски со соло акција ги постави конечните 2-0.

Македонија по девет одиграни натпревари е прва во Групата 3 со 18 бодови, бод повеќе од Франција која славеше над Исланд со 2-0. Исланѓаните се на третата позиција со 15 бодови и натпревар помалку од Македонија и Франција.

Во последното коло Македонија на 8. октомври ќе ја пречека Шкотска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП