20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФ1: Победа на Нико Розберг во Монца

Ф1: Победа на Нико Розберг во Монца

победа-нико

Германскиот возач во Формула 1 шампионатот Нико Розберг од тимот на Мерцедес е победник на трката за Големата награда на Италија којашто во неделата се возеше во Монца, откако уште во првиот круг го презема водство кое не го испушти до крајот на трката со што ја оствари својата прва победа во кариерата на легендарната италијанска писта.

Со својата седма победа во оваа сезона, и 21-ва во кариерата, Нико Розберг ја намали на само два поена разликата во вкупниот пласман за титулата зад клупскиот колега од Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон.

Хамилтон трката ја заврши на второто место, иако ја започна на привилегираната прва позиција, додека трет беше германскиот возач Себастијан Фетел од тимот на Ферари.

На табелата за вкупниот пласман кај возачите Хамилтон има 250 бодови, додека Розберг има 248, а трет е Австралиецот Даниел Рикардо од Ред Бул со 161 поен.

Кај конструкторите Мерцедес има големи 498 поени, пред Ред Бул кој има 290 и Ферари со 279 поени.

Следната трка во распоредот на Светското првенство во Формила 1 ќе се вози на 18-ти август за Големата награда на Сингапур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП