17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоколку земјите на ЕУ потфрлат, ЕЦБ принудена на нов чекор

Доколку земјите на ЕУ потфрлат, ЕЦБ принудена на нов чекор

7439152957bd42551b57f980402968_w640

Европската централна банка ќе биде принудена на проширување на програмата за монетарни поттикнувања, доколку владите не делуваат според планот за зајакнување на растот на нивните економии. Тоа го изјави членот на ЕЦБ, Беноа Кер.

„Доколку не се случат многу нешта кога станува збор за структурните реформи, доколку не се случат многу нешта во фискалната политика, тогаш ЕЦБ ќе мора да направи нешто повеќе“, изјави Кер на една панел дискусија во Женева, пренесува Блумберг.

Управниот совет на ЕЦБ ќе се состане на 8-ми септември, откако членовите на таа институција на претходниот јулски собир одлучи да се воздржи од нови мерки, само неколку недели по изненадувачката одлука на Велика Британија да отстапи од ЕУ.

Со оглед на тоа дека до почетокот на септември ќе испливаат нови економски последици од Брегзит, одделни набљудувачи веруваат дека претседателот на ЕЦБ Марио Драги ќе најави дополнителни поттикнувачки мерки.

Драги во јули изјави дека ЕЦБ е „подготвена и способна“ да интервенира, доколку за тоа има потреба.

Клучните каматни стапки во еврозоната се во негативната зона од 2014 година, иако ЕЦБ воведе повеќе милијарди евра вредни поттикнувања кои вклучуваат купување на владините и корпоративните обврзници секој месец во износ од 80 милијарди евра и евтини кредити за банките во настојување да се вбризга дополнителна ликвидност во финансискиот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП