ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија сака посилни трговски врски со Кина

Британија сака посилни трговски врски со Кина

centrala vb 33

Британскиот премиер Тереза Меј им пиша на кинеските лидери дека сака посилни билатерални трговски и економски врски, среде спорот заради одлуката на Лондон да го одложи 24 милијарди вредниот проект за изградба на нуклеарна централа во Британија заради безбедносни ризици на оваа кинеска инвестиција.

Кина неодамна ја предупреди Британија да не ја ‘затвора вратата’ на кинеските пари, наведувајќи дека тоа е клучен момент во односите на двете земји, откако Меј минатиот месец го одложи потпишувањето на договорот за изградба на нуклеарката Хинкли Поинт во Сомерсет, во Англија.

Кина неодамна апелираше Лондон да продолжи со проектот.

Според планот, француската компанија EDF би градела два нуклеарни реактора во Хинкли Поинт, со финансиска поддршка на кинеската државна компанија China General Nuclear Power.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП