12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриносот по 10-годишните шпански обврзници се доближува до 1%

Приносот по 10-годишните шпански обврзници се доближува до 1%

A Spanish trader talks on a telephone during a bond auction at a trading floor in Madrid's financial district August 4, 2011. REUTERS/Paul Hanna

За европските обврзници со висок принос, политичкиот ќор-сокак во Шпанија и тековната загриженост за италијанските банки изгледа не се пречка. Инвеститорите се потпираат на повеќе стимулации од страна на Европската централна банка и олесната монетарна политика на глобално ниво, пишува „Bloomberg“.

Приносот по 10-годишните шпански обврзници падна на рекордно ниско ниво и се насочува кон 1%, иако политичките партии отежнуваат да формираат влада по веќе два круга избори.

Приносот по италијанските хартии од вредност со истата зрелост оди кон најдолгата серија падови.

Шпанија претстои да го прогласи обемот на обврзници кои ќе ги издаде на аукција на 4-ти август, а инвеститорите очекуваат продажба и од страна на Германија и Франција. Сепак „Commerzbank“ предупредува дека исплатата на околу 57 милијарди евра каматни купони и зрелост на обврзници, оваа недела ќе одржи нето издавање на долг на длабоко негативна територија.

spanski obvrznici 33

„Од гледна точка на понудата во петок ќе навлеземе во навистина многу бавна летна сезона, па нема да има пречки од оваа земја“, вели Дејвид Шнауц, стратег во „Commerzbank“ во Лондон. „Дури и при слабо темпо поради сезоната, ЕЦБ се уште ќе биде активна. Тенденцијата е дека ќе има уште стимулации“, додава тој.

Приносот по 10-годишните шпански обврзници е 1,012% околу пладне, а порано се намали до 1,003%. Од 18-ти јули, кога приносот за последно се зголеми, падот е со околу 23 базични поени.

Италијанските 10-годишни државни хартии од вредност се со принос од 1,165%, без особена измена по три дена падови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП