Министерството за финансии на САД ја проширува истрагата за меѓународни криминални шеми во секторот на недвижностите, пренесува „Ројтерс“.
Шемата беше воведена во мај оваа година и во моментов опфаќа некои делови на Калифорнија, Тексас, Флорида и Њујорк. Сега таа се воведува во уште неколку десетици региони во различни држави.
Правилата предвидуваат банките да ги идентификуваат вистинските сопственици на компаниите, со кои работат, вклучувајќи и при купување на имот, за да се минимизираат ризиците од перење пари.
Програмата е насочена најмногу кон пронаоѓање на „шупливи“ фирми со кои се купуваат луксузни имоти во Менхетен, Мајами, Палм Бич и на други места со цел избегнување на даноци.
Освен што ќе се идентификуваат осомничени потенцијални илегални активности и ќе разменуваат информации со локалните органи за спроведување на законот, собраните податоци ќе се искористат за воведување на идната регулација.
Клучна улога во процесот е доделена и на осигурителните компании, потсетува новинската агенција.
На проверка се трансакциите со имот во вредност од над 3 милиони долари во Менхетен и 1,5 милиони долари во околните населби на Њујорк. Прагот во Флорида е 1 милион долари, во Калифорнија – 2 милиони долари, а во Тексас – 500 илјади долари.