ПочетнаЕКОНОМИЈАПолјаците ќе одат порано во пензија

Полјаците ќе одат порано во пензија

polskapolpol1

Полската влада го поддржа во вторник планот за намалување на условите за заминување во пензија од 67 години за обата пола, на 60 години старост за жените и 65 за мажите, пренесува AP.

Намалувањето на условите за пензионирање беше едно од клучните ветувања на Партијата на законот и правото и нивниот кандидат за претседател Анджеј Дуда за време на минатогодишната изборна кампања.

Владата во вторник го поддржа предлогот на претседателот на Полска, но се очекува официјална потврда и во парламентот, за да биде преточен во закон.

Новиот закон би можел да стапи на сила дури на 1 октомври 2017 година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП