ПочетнаЕКОНОМИЈАДЗС со препораки до граѓаните за спречување шумски пожари

ДЗС со препораки до граѓаните за спречување шумски пожари

позари

Да не се пали оган на отворено, да не се палат стрништа, да не се фрлаат стаклени шишиња, опушоци, предупредуваат од Дирекцијата за заштита и спасување.

„Дирекцијата за заштита и спасување известува дека, поради зголемувањето на надворешните температури и сушниот период што претстои, се зголемува и опасноста од настанување на шумски пожари и други пожари на отворен простор, а ваквата состојба наложува поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од ваков вид пожари“, се вели во соопштението.

Од ДЗС додаваат дека доколку граѓаните забележат пожар да информираат на бесплатниот телефонскиот број 193.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП