
Во рамки на Прилепско културно лето, во среда, во 20 часот, во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп ќе се одржи концерт на трио „Ad libitum“.


Во рамки на Прилепско културно лето, во среда, во 20 часот, во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп ќе се одржи концерт на трио „Ad libitum“.
Концертот е во рамките на Прилепското културно лето, а ќе настапат Силвана Чулева Атанасова на флејта, Лазар Соколов на кларинет и Емилија Кабранова Филипова на пијано.
На програмата се дела на Sean Michael Salamon, F. Bruno, Maurice Emmanuel, Franz Doppler, C. Debussy, Jacques Ibert и Miguel del Aguila.
Емилија Кабранова Филипова-родена е 1983 во Неготино. Започнува да свири пијано на 8 годишна возраст, најпрвин кај наставникот Камелија Кулакова, а потоа кај Даница Михајловиќ. Уште од мала возраст добитник е на награди од државни натпревари. Средното образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. Кристина Крагуевска, а дипломира на ФМУ Скопје во класата на проф.Стела Слејанска. Добитник е на прва награда на меѓународниот натпревар за пијанисти „Интерфест“, -Битола,трета награда на меѓународен натпревар ,,Ровере д,оро,, во Сан Бартоломео во Италија, прва награда на конкурс по полифонија на ФМУ итн. Од 2011 год работи во ООМУ „Владимир Арсовски“-Неготино.
М-р Лазар Соколов е роден 1987 година во Кавадарци, каде го завршува основното музичко образование како “Првенец на генерација 2002”. Средното музичко го продолжува во ДМБУЦ “Илија Николовски- Луј’’ Скопје, во класата на проф. М-р Петар Колевски. Дипломира на Факултетот за Музичка Уметност, Скопје кај проф. М-р Стојан Димов, а 2012 магистрира кај истиот професор.
Лазар, денес работи како професор по кларинет во ООМБУ „Лазо Мицев-Рале“ Кавадарци, каде стекнува награди за високи педагошки достигнувања.
Силвана Чулева Атанасова е родена во Кавадарци. Во 1986 год. дипломира на ФМУ во Скопје-отсек флејта, во класата на проф. Никола Атанасов. Од 1987 год. до денес работи во ООМБУ „Лазо Мицев Рале“ во Кавадарци, како професор по флејта. Како ученик и студент има учествувано на бројни републички и сојузни натпревари: Скопје, Титоград, Сараево, Загреб, Приштина, каде има освоено високи награди. Три пати настапува како солист со Македонска филхармонија.