25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНавистина е лудак, Бијелса не доаѓа во Лацио

Навистина е лудак, Бијелса не доаѓа во Лацио

bjel

Еден од најголемите фудбалски умови на денешницата, Марсело Бијелса, го оправда својот прекар „лудак“, откако се премисли и реши да не доаѓа во Рим, односно да го преземе Лацио.

Бијелса потпиша договор со Лацио, истиот бил веднаш депониран во Фудбалскиот сојуз на Италија, клубот експресно ги завршил процедурите околу добивањето на работна дозвола, но контроверзниот Аргентинец се премислил.

Поради оваа негова одлука, претседателот на Лацио, Клаудио Лотито најверојатно ќе го тужи Аргентинецот.

Медиумите шпекулираат дека Бијелса се премислил бидејќи влегол во комбинација за селектор на аргентинската репрезентација.

Италијанските медиуми наведуваат дека привремено решение за тренерската функција ќе биде поранешниот играч на Лацио, Симоне Инзаги.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП