25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИгор Вори се врати во ППД Загреб

Игор Вори се врати во ППД Загреб

vori-mori

Игор Вори (35) го официјализираше трансферот во ППД Загреб, потврди хрватскиот ракометен шампион. Договорот помеѓу поранешниот капитен на хрватската репрезентација и ППД Загреб е потпишан на две години.

Еден од најдобрите светски пивотмени во изминатите 15 години, по седум години се враќа во Загреб, откако го раскина договорот со ПСЖ.

Вори во старо-новиот клуб го задолжил дресот со број 10, а со новите соиграчи ќе се сретне на почетокот на подготовките на 25.јули.

„Среќен сум што уште еднаш ќе бидам дел од еден голем клуб каков што е Загреб. По осум години се враќам дома и сакам да потенцирам дека не дојдов тука за да се пензионирам, туку дојдов да освојувам трофеи. ППД Загреб во изминатите две сезони беше на чекор до пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите и јас дојдов тука со една желба, да му помогнам на клубот да ја оствари таа цел. Доколку успееме тоа ќе биде едно од моите најголеми достигнувања во кариерата“, изјавил Вори за порталот index.hr.

Покрај за Загреб, Вори во кариерата настапувал уште и за Барселона, Хамбург и ПСЖ. Со репрезентацијата на Хрватска на големите натпреварувања има освоено девет медали, од кои два се златни, на ОИ во Атина во 2004 и на СП во Португалија во 2003 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП