28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДвејн Вејд во Чикаго

Двејн Вејд во Чикаго

dven-vejd

Двејн Вејд (34) договорил двегодишна соработка со Чикаго Булс. Вејд како слободен агент реши да го напушти Мајами и да се врати во родниот град каде за две години ќе заработи 47,5 милиони долари.

Вејд во НБА лигата влезе како петти пик на драфтот во 2003 година избран од Мајами Хит. Со Мајами освои три титули (2006, 2012, 2013), а во 2006 беше прогласен за МВП на финалната серија.

Чикаго за да обезбеди доволно простор во селери капот го испрати Хозе Калдерон во ЛА Лејкерс, Мајк Данливи во Кливленд.

Чикаго во наредната сезона ќе настапи со реновиран тим, Дерик Роуз замина во Њујорк, а Булси го ангажираа Режон Рондо, додека центарската позиција по заминувањето на Пау Гасол во Сан Антонио ќе ја пополни Робин Лопез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП