25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКартите во Шпанија дупло поскапи од Германија

Картите во Шпанија дупло поскапи од Германија

1365782644_extras_noticia_foton_7_1

Картите за полуфиналните средби од Лигата на шампионите кои ќе се одиграат во Германија се дупло поефтини од влезниците за натпреварите во Шпанија.

За дуелот меѓу Баерн и Барселона во Минхен е потребно да се издвојат од 40 до 150 евра, додека цените за реваншот на „Ноу Камп“ се движат од 90 до 360 евра.

Сличен е односот во цените за картите за пресметката меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд. Влезниците за полуфиналниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ ќе чинат од 70 до 325 евра, додека љубителите на фудбалот во Германија за да уживаат во натпреварот меѓу овие две екипи ќе мораат да одвојат од 45 до 170 евра.

Високите влезници во Шпанија на Германците очигледно не им сметаат, па така Барселона доби преку 10.000 резервации од симпатизерите на Баерн. Се уште не е одлучено колку карти тие ќе добијат, но се знае дека истите ќе чинат 120 евра.

image

Јавноста во Шпанија е во шок поради оваа вест која ја објави „Марка“, затоа што неможат да поверуваат како е можно толку да се разликуваат цените на картите.

„Тоа е лудост! На сите нас добро ни е позната финансиската ситуација во нашата земја, нормално и во Германија. И кога ќе не споредите нас и Германија доаѓате до заклучок дека тие многу повеќе мислат за „џебот“ на своите навивачи отколку ние. Затоа тие се таму кај што се, за разлика од нас“, стои во коментарот на „Марка“.

Баерн и Барселона први играат на 23-ти април, додека еден ден подоцна Реал прво ќе гостува кај Борусија. Реванш средбите се закажани за една недела подоцна.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП