25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаде одат парите на Бекам?

Каде одат парите на Бекам?

David+Beckham+

Поминаа скоро два ипол месеци откако Дејвид Бекам и ПСЖ официјално објавија дека сите приходи на фудбалерот ќе бидат донирани во некои добротворни организации за помош на деца.

Но до денеска не е познато името на организацијата во Париз или околината која од Бекам месечно ќе добива 200.000 евра колку што изнесуваат примањата.

„Одлуката се уште не е донесена, размислуваме за бројните опции“, изјавил портпаролот на ПСЖ.

Претставникот на Бекам за медиумите открива дека неговиот клиент добил бројни барања за помош.

„Имаме стотици барања од Париз и пошироко. Ни треба време да ги разгледаме сите можности и да се осигураме дека сумата со седум бројки ќе биде потрошена на најдобар начин. Мислам дека ќе бидеме во позиција да ги идентификуваме проектите во Париз или можеби пошироко во Франција до крајот на месецот“, вели претставникот на Англичанецот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП