17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИм плаќаат на Германците за да им позајмат - Каде оди овој...

Им плаќаат на Германците за да им позајмат – Каде оди овој свет?

gerpari 33

Инвеститорите се повеќе бараат обврзници затоа што трансферот на пари во централните банки не успеа да ја стимулира економијата.

Цените на глобалниот пазар на обврзници никогаш не биле поголеми, а со тоа и приносот е помал, што според мислењето на аналитичарите, e порака до пазарот дека поттикнувањето на централните банки не успеаваат да ја остварат својата цел.

Минатата недела приносите на 10-годишната германска обврзница (Bund) и 30-годишната швајцарска обврзница за прв пат во историјата се најдоа во негативна територија.

Со други зборови, инвеститорите се подготвени да и платат на Германија и Швајцарија за да ги позајмат своите пари и тоа на рок од три децении. Во петокот приносот на „Bund“ се подигна на 0,015 oтсто.

Трендот на падот на приносот ја следеше и американската државна 10-годишна обврзница, па приносот на оваа должничка вредносна хартија се намали до 1,51 проценти. Тоа е прилично близу до рекордно нискиот принос од 1,39 oтсто постигнат во 2012-та година.

Зад падот на приносите се крие централната банка, чија политика за транспорт на огромни суми на пари на финансиските пазари не успеа да ги укине економскиот раст и инфлацијата, вели за  „CNBC“, Џорџ Гонклавес, аналитичар на јапонската банка „Nomura“.

„Можеби тие политики не се ефикасни. Таа нова тема, која се повеќе расте во текот на оваа година, гласи:  момците не можат да генерираат раст и да и помогнат на светската економија. Мораат да купуваат обврзници“, истакна Гонклавес во развогор за американскиот медиум. Со британскиот референдум и останувањето како член на Европската унија, странските аналитичари нагласуваат дека потезите на централните банки сами по себе станаа фактор на страв.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП